Лета, лета Милан на Монтела! Аеропланино донесе на Росонерите 127 милиони евра и им го врати достоинството


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Сан Сиро е повторно тврдина, навивачите се враќаат на трибините, а сонот на Берлускони за со млад и италијански Милан не е веќе утопија.

    Милан дава знаци на живот после три сезони под секое ниво каде што завршуваа на седмото, осмото и деветтото место на крајот од шампионатот, што беше под секое реноме на седумкратниот шампион на Европа.

    Ништо, меѓотоа, не ветуваше во минатото лето дека така ќе биде, поготово кога следеше уште една промена на тренер, уште едне лош преоден рок, некои избрзани одлуки и нова некаква карма-каша околу продажбата на клубот на странски сопственици.

    Но и таков Милан во актуелната сезона е еден од најпријатните изненадувања. Винченцо Монтела направи поприлично добра работа од доаѓањето. Конкретно, сеуште не направи ништо големо, но е на добар пат тоа да го направи. Напредокот е очигледен.

    Тоа го прави како тренер со најмалку финансиска поддршка во последните три децении во Милан, што зборува дека и тоа како има до тренерите и дека Сидорф, Инзаги и Михајловиќ не биле невини во паѓањето на Милан во претходните три години.

    Сите имаа поголема финанска поддршка од Монтела чија екипа бележи резултати над очекувањат.а А вредноста на екипата конечно е во раст. Откако Ибрахимовиќ и Тиаго Силва го напуштија клубот, Милан немаше ваков тренд на раст во квалитетот и вредноста на играчкиот кадар.

    Иако управата на клубот во летото направи за на Монтела да обезбеди минимум неопходни засилувања. Новалииите како Лападула, Соса, Пашалиќ, Фернандез или Густаво Гомез не се некој гарант за напредок, ниту кај Монтела имаат сериозна улога. Донекаде исклучок е Гомез кој има пристојна минутажа.

    Римска Република се занимаваше со процутот на Милан под команда на Милан. Популарниот Аеропланино во некоја мера и го оствари сонот на Берлускони за играта да ја носат млади играчи и тоа да бидат Италијани. Деца како Донарума, Локатели или Калабрија се некој вид гаранција дека Милан доби носители за наредните години.

    Република пресмета дека вредноста на играчкиот кадар на почетокот на минатата сезона кај Михајловиќ изнесуваше 188 500 000  евра. Според пресметките на влијателниот римски весник, играчкиот кадар на Милан користен во оваа сезона (21 играч) моментално на пазарот вреди 315 500 000  милиони евра. Што значи дека капиталот кој Милан го има во играчкиот кадар е зголемен за 127 000 000 евра! Значи, за 67 %?! Тоа е она што на Милан беше неопходно  за после три изгубени години да добие валиден доказ дека е на добар пат во големата реконструкција на тимот. Треба да се истакне дека во тој успех заслуги има и Синиша Михајловиќ кој го лансираше Донарума, па и Броки кај кого дебитираше Локатели, но и на колективниот успех ја дигаат својата цена на фудбалскиот пазар.

    Република наведува и конкретни примери. Најдрастичен е токму суперталентираниот Џиџи Донарума. На почетокот на минатата сезона вредеше 250 000 евра, а во ноември минатата година цената му скокна на 1.5 милиони, а во јуни веќе стоеше 12 милиони евра, а стручнаците сега тврдат дека неговата вредност е 40 милиони евра. А и понатака расте…

    Алесио Ромањоли денеска вреди 35 милиони, десет милиони повеќе отколку во истиот период пред година дена. Кај Монтела процвета и Мбаје Нианг чија вредност се дуплираше од 16 на 32 милиони евра и повторно го сака Венгер кој никогаш не прежали што Милан пред носот му го зеде пред четири години.

    Заслуга на Монтела е и што се дуплираше вредноста на шпанскиот офанзивец Сусо од 10 на 20 милиони евра. Инзаги му даваше шанса на лажица, а Михајловиќ го пречкрта после еден натпревар.

    Кај Монтела е еден од најдобрите и откритие на сезоната. Младиот Локатели цената скокна од 1.5 милиони на 20 милиони евра за една година. Уште еден тинејџер Давиде Калабрија вредноста порасна од 1.5 милиони на 8 милиони евра.

    Голем скок забележа и Џек Донарума кој сега вреди 21 милиони, наместо 12 милиони евра во истиот период пред година дена. Дури и Карлос Бака во 30 години, кога цената обично паѓа, скокна вредноста за 5 милиони евра и сега вреди 35 милиони евра. Поради тоа во Милан се посериозно се размислува за продажба на Колумбиецот кој не е баш во добри односи со Монтела им има понуда од ПСЖ и Валенсија…. Јурај Куцка на почетокот на сезоната вредеше 5 а сега вреди 7 милиони евра…

    Нормално, тука се тие чија цена падна бидејќи не се во прв план кај Монтела. Но резултатите даваат целосно право на младиот тренер за таа одлука. Кеисуке Хонда вредеше 7, а сега 5 милиони евра. Соса цената падна од 8, на 6 милиони, Луиз Адријано од 8, на 6,5 милиони евра.

    Милан Јапонецот и Бразилецот најверојатно ќе ги продаде во јануари и ќе заработи пари. Единствена негативна појава е Андреа Бертолачи. Играчот за врска на почетокто на мандатот на Михјајловиќ Милан го плати дури 25 милиони евра и кој во дебитанската сезона не покажа речиси ништо, а во оваа одигра само пет минути.

    Поради повреда се покажува како скапоцено промашување на Росонерите…Вредноста за два месеци падна од 15 милиони на 11 милиони, а паѓа и понатака. Монтела ќе проба да ја оживее неговата кариера доколку Милан планира да врати барем дел од вложените пари.

    Но промоцијата на младиот лавови и некои играчи на кои кариерите им биле во голем пад немаше да има смисла без резултат. Милан од ерата на Карло Анчелоти немаше 22 бода после 11 кола. Тоа е дури и подобар старт отколку во сезоната 2011/12, кога Алегри со Ибрахимовиќ и Робињо го освоија Скудетото. Ако Росонерите продолжат да освојуваат два бода во просек, ќе дојдат до граница која ќе им обезбеди пласман во Лигата на шампионите после четири години.

    Се тоа Монтела го работи со најмлад состав во Серија А. Просек на години на екипата на Милан во оваа сезона  (користени играчи барем една минута поминати на терен во Серија А) изнесува 25 години и 260 дена. Констатираме – се се блиску до сонот на Берлукони за млад италијански Милан…

    Уште една лоша традиција успеа да руши екипата на Милан. Сан Сиро повеќе не е супермаркет од кој секој заминува со бодови како сака, веќе некој вид на тврдина како некогаш.

    Милан има пет победи и еден пораз на својот терен каде што најголема вредност има триумфот над Јувентус кој долго се чека и дојде после девет врзани порази од најголемиот ривал. Единствена дамна е поразот од Удинезе, но и тој беше прилично несречен и незаслужен.

    Во тие пет натпревари на својот терен, Милан прими само еден гол, а Џиџи Донарума моментално е рекордер меѓу најсилните пет европски лиги со пет натпревари каде што ја сочува мрежата мирна.

    Се тоа го препознаа навивачите. Во првиот меч во сезоната на својот терен против Удинезе на трибините се собраа околу 16 000 навивачи со платени влезнизи (не ги сметаме претпланиците) што е поразувачки податок за клуб со големина како Милан.

    Добрите резултати во продолжението наиде и на поддршка од навивачите, стадионот против Јувентус беше распродаден после долго време, а неодамна против Пескара се продадени 22 000 карти (вкупно на трибините околу 40 000) и публиката беше значително побучна и повеќе посветена отколку на почетокот на сезоната ога се продадени само 12 000 претплатнички карти, што е најлош баланс во ерата на Берлускони.

    Навивачи, значи, го враќаат Милан, а тимот на Монтела ги повика со резултати, со се подобра игра и проектот со млади лавови кој гарантира некои подобри денови и години за паднатиот гигант.

    Се е тоа и добар знак за новите газди од Кина кои на средината на ноември и официјално треба да преземат контрола на акции во сопствена структура. Моментот е прилично добар и Кинезите го добиваат тоа што не го очекуваа кога ја почнаа приказната за купување на клубот.

    Планот беше за резултатите да дојдат после неколку сезони вложување,к а сега им се јавува ситуација за веќе во првата сезона да можат до Лигата на шампионите, што финансиски би бил огромен ветар во грбот за Милан.

    Па ако уште новите газди тој ветар во грб го засилат со некоја финансиска инјекција за засилувања во јануари, Милан наскоро повторно може да заземе место во врвто на италијанскиот фудбал.

    Нормално, голема заслуга на Винченцо Монтела кој го врати идентитетот и достоинството на седумкратниот шампион на Европа…