До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Милан славеа на многу тешкото гостување во Верона против Киево со 3:1.
Милан во последно време изгледа така како што навивачите тоа го сакаат, а тимот на Винченцо Монтела во Верона со рутинска победа покажа дека спаѓа во самиот врв на италијанскиот фудбал.
Росонерите во последните години се во криза и тоа не е тајна, но тимот на Монтела има глава и опашка и тоа донесува резултат.
Киево е одма позади позиција која води во Европа, па беше за очекување дека Милан го чека тешка работа.
Сепак, гостите во финишот на првиот дел со проектилот на Јурај Куцка дојде до предност од 1:0.
На самото отворање на вториот дел Нианг се снајде во еден напад и од 16 метри ја погоди мрежата на Киево за 2:0.
Милан имаше уште одлични шанси, а како што тоа не го искористи, Киево намали.
Младиот Донарума немаше шанса во 76 минута, кога поранешниот играч на Милан Валтер Бирса од слободен намали на 2:1, а Даниели во судиското продолжение постигна автогол после ударот на Бака.
Милан во последните пет натпревари запиша четири победи и реми, а пред дербито со Јувентус го зазема третото место со 16 бодови, колку што има и второпласираната Рома, додека водечки е Јувентус со пет бода повеќе.















