Ливерпул и Саутемптон се спремаат за идеална трампа?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Ова може да биде добра зделка за двете страни.

    Ливерпул и Саутемптон може да склопат интересна зделка во зимскиот преоден рок.

    Како што пренесуваат англиските медиуми, Ливерпул ќе проба да го искористи Даниел Стариџ со цел од Саутемптон да ја доведе желбата на Јирген Клоп.

    Германецот го сака стоперот Вирџил ван Дајк (25) и младиот крилен играч Сем Меквин (21), а во спротивна насока да замине Даниел Стариџ.

    Саутемптон ги процедува двајцата играчи на 50 милиони евра, а Ливерпул може да ја преполови таа сума доколку во спротивна насока го испратат Стариџ.

    Познато е дека Сотон сака да го засили нападот, Стариџ го загуби местото стартер во оваа сезона, па нема сомнеж дека добро ќе му дојде промена на средината, плус Светците играат напаѓачки фудбал кој на него му одговара.