До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Веќе некое време вниманието на јавноста зазема извештајот според кој Ливерпул е клуб кој во минатите шест години најмногу заработи од продажба на играчи.
Сепак, Јирген Клоп не се сложува со констатацијата дека Ливерпул е клуб кој со својата работа се базира на продажба играчи.
Ливерпул во претходните шест години заработи 374 милиони фунти на продажба на играчи, за воља на вистината најмногу од тие пари стигнаа продажбата на тројца играчи – Фернандо Торес, Луис Суарез и Рахим Стерлинг (159 милиони заедно). Комплетното салдо значајно придонесе и распродажбата на Клоп во летото, но Германецот смета дека Ливерпул нема потреба да биде клуб кој толку играчи ги продава.
„Тоа покажува многу. Покажува дека се работи за клуб во кој во тек се бројни промени, а кога не сте целосно задоволни тогаш се потребни измени. Сите во овој момент чувствуваме притисок, но најважна работа е минатото. Во претходниот преоден рок направивме многу, но јас не сакам многу такви преодни рокови. Развојот на тимот и клубот не се завршува после една година. Мораш да имаш повеќе време. Успехот секогаш се сведува на тоа да имаш константност во се што работиш“, рече Клоп.
„Успешните тимови немаат потреба да вршат големи промени и мислам дека Ливерпул не мора да биде тим кој секогаш продава играчи. Знаете, никој од нас не ни се јавува и не ни зборува – продајте некого ни требаат пари. Секогаш се работи за тоа да го пронајдете вистинскиот тим“.
Клоп во текот на летото многу ја промени екипата но сега се надева дека нема секое лето да ја преживува истата авантура.
„Инаку немам толку работа во текот на преодните рокови, не продавам по пет или шест играчи одеднаш, но имавме премногу играчи. Додедовме играчи кои ги сакавме и ако се оди како што треба нема да мораме да доведуваме уште шест фудбалери во следната година“.
„Имаме многу доверба во овој тим. Промени некогаш се добри. Не беа сите во целост среќни и задоволни во претходните години. Не сум важен јас, сега сме сите на истата задача – да се што работиме да има континуитет“, заклучи Клоп.















