Ливерпул реди победи – Милнер од пенал го расплака Либерти


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Фудбалерите на Ливерпул славеа со 1:2 на гостувањето против Свонси во натпревар од седмото коло од ПЛ.

    На Либерти после осум минути игра го видовме првиот погодок на натпреварот. Свонси стигна до предност, а Фер погоди на асистенција на Бастон. До полувреме промена на резултатот немаше. Во 54-та минута Хендерсон асистираше, а Роберто Фирмињо со глава го израмни резултатот. Пред последните пет минути од натпреварот Рејнџел направи прекршок во казнениот простор, а Ливерпул доби пенал. Џејмс Милнер беше прецизен од белата точка и му донесе нова победа на Ливерпул, 1:2.

    Црвените ја запишаа петата победа оваа сезона, четврта по ред, а Свонси по пети пат беше поразен оваа сезона во ПЛ.