Ливерпул се намачи против Сандерленд, пенал го спаси Лестер од пораз, Љоренте херој во лудиот натпревар на Либерти


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Уште четири натпревари се одиграа од тринаесетото коло од ПЛ.

    Хал и ВБА ги поделија бодовите, 1:1. МекОли погоди во првото полувреме за водство на гостите. Конечните 1:1 ги постави Досон во 72-ра минута.

    Актуелниот шампион, Лестер на својот Кинг Пауер ремизираше против Мидлзбро, 2:2. После тринаесет минути игра на теренот, Негредо ја затресе мрежата на Зиелер. Поради играњето со рака во казнениот простор на Калум Чемберс беше досуден пенал за Лестер. Ријад Марез погоди од белата точка за израмнување на резултатот. Во 71-ва минута Негредо по втор пат се запиша во листата на стрелци, 1:2. Во финишот на натпреварот беше досуден пенал за Лестер, а Слимани погоди за конечни 2:2.

    Ливерпул славеше на Енфилд против Сандерленд минимално, 2:0. Во 34-та минута шок на Енфилд, Филипе Кутињо се повреди и беше изнесен на носилки. Ориги кој влезе на местото на Кутињо во петнаесет минути пред крајот на натпреварот погоди на асистенција на Хендерсон за водство на црвените. Џејмс Милнер од пенал во 90-та минута ги постави конечните 2:0.

    Еден луд натпревар одиграа Свонси и Кристал Палас на Либерти кој заврши со победа на Свонси, 5:4. Заха му донесе водство на гостите, а Сигурдсон го израмни резултатот. Во период од две минути Фер постигна два погодоци за водство на Свонси од 3:1. Томпкинс го намали водството на домашните, а потоа следуваа две минути кобни за Свонси. Корк постигна автогол за израмнување, а Бентеке погоди за водство на Кристал Палас, 3:4. Љоренте во 91-ва минута гo израмни резултатот. Истиот фудбалер две минути подоцна му донесе победа на Свонси, 5:4.