Лингард знае како е кога Ибра ќе „полуди“: Лингард откри што се случило на тренингот на Манчестер Јунајтед


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Златан Ибрахимовиќ добро ја започна новата сезона, но работите сепак малку не оделе како што треба во редовите на Манчестер Јунајтед, па Ибра „полудел“ на тренингот.

    Џеси Лингард за англиските медиуми откри како изгледа кога Златан ќе „полуди“ на тренингот.

    „Пред неколку дена имавме тренинг на кој на Ибрахимовиќ не му одеше добро. Во еден момент едноставно полуди и започна да фрла се што има околу себе. Од шишињата до опремата, се леташе по теренот“, откри Лингард.