Лино Червар – Горење беше подобро во сите аспекти на играта


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    По натпреварот Горење Велење – Металург во кој што клубот од Словенија победи се одржа прес-конференција.

    „Би сакал да им честитам на екипата на Горење и на нивниот млад тренер, тие денеска ја заслужија победата, бидејќи беа подобри во сите аспекти на играта. Ние дојдовме малку хендикепирани по тешкит натпревар во саботата, но тоа не ја намалува заслугата на ракометарите на Горење. Игравме лошо, јас очекував многу повеќе од моите играчи, особено во одбраната. За жал, тие не покажаа борбен дух, веројатно заморени од претходните натпревари. Но, тоа не може да биде оправдание за поразот и за нашата мека одбрана. Во нападот не игравме како што требаше, а за да ја спасат средбата тие почнаа безуспешно да шутираат од далеку. Секој пат се обидуваме да учиме од нашите грешки. Моите играчи се млади и ова е најдобриот начин да научат да бидат подобри ракометар“, изјави тренерот на Металург, Лино Червар.

    „Кај таквите натпревари најважен е приодот, а ние денеска направивме премногу грешки. Денеска ние едноставно не го најдовме својот ритам на игра. Горење денеска покажа борбен дух и одигра одличен натпревар, на што и им честитам“, изјави Стефан Дрогришки, ракометар на Металург.