Лино Червар – Монпелје беше едноставно подобар од нас


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    После поразот на Металург од Монпеље во натпреварот од ЛШ, тренерот Лино Червар и ракометарот, Горан Печенковски беа на прес-конференција.

    „Монпелје денеска едноставно беше подобар од нас. Ние настапивме без неколку свои главни играчи и го почувствувавме нивното отсуство. Јас сум многу задоволен од тоа како го одигравме првото полувреме, кога одлично напаѓавме и се браневме. Но, во вториот дел во нападот се соочивме со многу поагресивната одбрана на Монпелје, а самите одигравме лошо во одбраната. Се надевам дека на следната средба ќе имаме на располагање повеќе играчи, а ќе работиме и на консолидација на нашите редови“, изјави тренерот на Металург, Лино Червар.

    „И честитам на екипата на Монпелје, тоа е најдобрата екипа со која се соочивме во досегашниот тек на Лигата на шампионите. Монпелје има многу квалитетни ракометари и за секој гол постигнат денеска моравме да се помачиме. Второто полувреме го одигравме лошо“, изјави Горан Печенковски, ракометар на Металург.