Лино Червар – Монпелје е квалитетен француско-словенечки тим


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Металург ќе гостуваат во натпревар од ЛШ во Франција кај Монпеље и ќе се обидат да ја прекинат победничката серија на францускиот клуб.

    „Ни претстои тешко гостување кај Монпелје, кој, според квалитетот, треба да биде дел од групите А и Б во ЛШ. Тие се интернационален тим со неколку квалитетни репрезентативци на Франција, Словенија и голман на Швајцарија. Иако немаат некоја забележителна доминација по четирите меча, сепак сметам дека нивната добра игра допрва следува. Имаат по двајца квалитетни ракометари на секоја позиција, кои се одлично вкомпонирани во цврстата одбрана во формација 6-0 и ефикасната 5-1. Често играта ја сведуваат на брза транзиција и контра, која на левата страна завршува преку Михаел Гигу и Матеј Гребил. Оддесно ги имаат Јуре Доленец, Вид Кавтичник и Валентин Порт. Ги имаат одличните Миха Жвижеј и Лудовик Фабрегас на линијата од шест метри, а не треба да се изостават искусните голмани Винсент Жерар и Никола Портнер“, изјави тренерот на Металург, Лино Червар.

    „Осцилација во играта и пад на концентрација, особено на гости, е нормална појава кога станува збор за млади играчи како нашите. Менталниот тренинг е еднакво важен како и физичкиот. Знаеме дека домашниот терен и публиката даваат посебна волја и мотив за игра и за докажување, без разлика на возраста. Секогаш се трудам екипата да ја мотивирам максимално, и за мечевите дома и на гости, но, сепак, повеќемина од нив уште се млади за да можат да се изборат со притисокот од мечот и од важноста, па затоа се случуваат тие падови, кои се рефлектираат врз играта и врз резултатот. Во ситуација кога имаме голем проблем, повредени играчи и кога гостуваме кај еден од фаворитите во нашата група, сметам дека растоварени од притисок за победа можеме да прикажеме добра партија, бидејќи нема што да загубиме. Со борбена и со цврста игра можеме само да добиеме. Потоа ни следува пауза од 18 дена, доволно време да се консолидираме, да се рехабилитираме и да се подготвиме за реваншот со Монпелје во Скопје“, заврши тренерот на Металург, Лино Червар.

    Натпреварот помеѓу Монпеље и Металург е закажан во недела во 18:45 часот.