Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот продолжува да пишува историја.
Лионел Меси во неделата постигна два погодоци против Валенсија и така ја продолжи својата неверојатна низа осма година по ред.
Аргентинецот успеа од сезона 2009/10 да постигне во секоја минимум 40 погодоци во сите натпреварувања и стана првиот фудбалер во историјата кој го направил тоа.
Меси во неделата стигна до 41-от погодок во оваа сезона и јасно е дека ќе ја помине цифрата од 50 погодоци.
Рекордот го постави во сезоната 2011/12 кога постигна неверојатни 73 погодоци во сите натпреварувања.
Кристијано Роналдо е фудбалер кој над 40 погодоци постигнал седум сезони во низа бидејќи во првата во Реал постигна само 33 погодоци.
2009/10: 47
2010/11: 53
2011/12: 73
2012/13: 60
2013/14: 41
2014/15: 58
2015/16: 41
2016/17: 41 и продолжува