Листата за јануари на Мурињо – Двајца од ова трио се приоритет!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Португалецот на големо се спрема за зимско купување.

    Жозе Мурињо не е задоволен со квалитетот од своите одбранбени играчи и сака да ја засили последната линија на одбраната.

    Дејли Мирор денеска ексклузивно пренесува дека на листата на Мурињо се три имиња и дека во јануари ќе проба да доведе двајца играчи, додека третиот практично е невозможна мисија.

    Давид Алаба е најголема желба на Мурињо, но нема шанси Баерн Минхен да прифати да остане без стандарниот лев бек среде сезона, иако Јунајтед е спремен да понуди околу 50 милиони евра.

    Скаутите на Мурињо во текот на репрезентативната пауза повторно го следеа Алаба, бидејќи Португалецот го сака веќе во јануари поради тоа што може да игра и како лев бек, но и како последен играч за врска, каде што Јунајтед истотака има проблеми.

    Втор на листата е стоперот на Саутемптон, Ван Дајк, кој го игра својот најдобар фудбал во оваа сезона и англиската јавност верува дека неговиот трансфер ќе достигне дури 50 милиони евра.

    Мурињо е спремен да понуди десет милиони евра помалку сега во јануари, но го сака и Ливерпул, па така Саутемптон може да се ценка.

    Соиграчот на Алаба од репрезентацијата, Александар Драговиќ е трета опција и желба на Мурињо.

    Тој е проценет на некои 25 милиони евра и делува како најреална опција, доколку Баер Леверкузен најде адекватна замена.

    ТУКА погледнете ја листата од 10 напаѓачи кои се поврзуваат со премин во Манчестер Јунајтед.