Листата на засилувања на Јувентус изгледа импресивно


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Торински Јувентус оваа сезона освои скоро се.

После титулата во Серија А и купот на Италија им остана уште ЛШ титулата каде во Кардиф ќе играат против Реал Мадрид.

Иако имаат моќен тим, тимот од Торино следната сезона сака да биде уште помоќен, па листата на фудбалери кои би можеле да го облечат дресот на бјанконерите е импресивна.

Наместо Нето како резервен голман во следната сезона ќе биде Алекс Мерет. Јувентус е заинтесиран и за легендата на Барселона, Андрес Иниеста.

Но тоа не е се. Како нови фудбалер на Јувентус се споменуваат Анхел Ди Марија и Даглас Коста кои најавија заминувања од своите клубови. Јуве ќе се обиде да доведе засилување и во одбраната. Нов дефанзивец на Јуве би требало да биде Фелипе од Порто.