Листата на Интер за отстрел – Петмина заминуваат во јануари!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Големи промени се спремаат во Интер.

    Фудбалскиот клуб Интер е спремен за целосна реконструкција после новата срамна сезона.

    Интер испадна од групната фаза на ЛЕ, во Серија А тешко ќе успее да стигне до ЛШ, и ова е веќе кој знае која сезона во низа која е за заборав.

    Тоа ги наведе челниците на клубот во целост да ја реконструираат екипата, а италијанските медиуми наведоа дека петмина играчи се на трансфер листата во зимскиот преоден рок.

    Во овој јануари може да заминат – Габигол, Стеван Јоветиќ, Давид Сантон, Џонатан Биабијани и Фелепе Мело.

    Газета дело Спорт пишува дека Интер со елиминацијата од групната фаза од ЛЕ загуби 15 милиони евра, а клубот ќе мора да надомести со продажба на играчи.

    Интер во летото го доведе Габигол за 30 милиони, а тој досега во Серија А одигра само 16 минути и не ги оправда очекувањата.

    Што се однесува до останатите споменати играчи, тие истотака не се во плановите, немаат минутажа и сигурно ќе има заинтересирани.

    Стеван Јоветиќ го сака Фиорентина и враќа во Фиорентина делува како реална опција.

    На се тоа, треба да се додаде и дека првиот голман Самир Хандановиќ е незадоволен и дека истотака сака да ја промени средината, повеќе за тоа ТУКА.

    Во секој случај, зимата на Џузепе Меаца ќе биде многу интересна.