Литванците Мажеика и Гаталис ќе ни судат против Ангола


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот на македонската ракометна репрезентација вечерва во Мец против Ангола ќе го водат судиите од Литванија, Ваидас Гаталис и Миндаугас Мажеика.

Литванците веќе му суделе на нашиот национален тим на неколку натпревари, а воделе и мечеви на нашите клубови во Лигата на шампионите. Делегат на натпреварот ќе биде Оие од Норвешка.

Со победа македонската репрезентација ќе се доближи до осминафиналето и ќе го повтори добриот старт од Мундијалот пред четири години во Шпанија.