Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Против Севиља ја запиша петата јавна опомена па ќе ја прескокне Малага.
Барселона на гости ја совлада Севиља со 1:2, a победничкиот погодок го постигна Луис Суарез. Контроверзниот уругваец не навикна на чудни потези, а еден таков имаше во 88-ма минута кога доби жолт картон поради неспорстко однесување.
Немаше ништо да не чуди ако после натпреварот не изјавеше дека ова беше добар жолт картон.
„Тој картон е добра работа. Сега се исчистив со картоните пред натпреварите против Реал Сосиедад и Реал Мадрид“, изјави Суарез.
Тој пред овој натпревар имаше четири жолти картони, а најверојатно сфати дека следниот натпревар против Малага може да помине без него па реши да се осигура за Ел Класико кој на програмата е на 3-ти декември.