Лорис го продолжи договорот со Тотенхем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот голман, Хуго Лорис го продолжи договорот со Тотенхем.

Во последните неколку недели се шпекулираше дека искусниот Лорис ќе го напушти „Вајт Харт Лејн“ и ќе го засили Манчестер Јунајтед со кого се поврзува, меѓутоа од тоа ништо нема да има бидејќи денеска одлучи да остане лојален кон Тотенхем.

На официјалниот клупски сајт е соопштено дека Лорис потпишал договор до 2022. година, а според новиот договор ќе има многу поголем приход.

Потсетуваме, Лорис во Тотенхем пристигна во 2012. година и во меѓувреме стана капитен на клубот.