Лотото се падна на Камп Ноу – Барселона како на тренинг против Осасуна, првенец на Маскерано (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона на Камп Ноу ја победија Осасуна во натпревар од 34-то коло во Ла Лига, 7:1.

Меси на почетокот на натпреварот донесе водство на каталонците. После половина час игра Барселона имаше 2:0, Андре Гомеш ја затресе мрежата на Осасуна.

Почетокот на второто полувреме донесе фантастичен погодок во мрежата на Барселона. Торес намали на 2:1.

Гомеш после одбиена топка го постигна својот втор погодок на натпреварот. Четири минути подоцна Меси го постигна својот втор погодок на натпреварот. Во 64-та минута Алкасер погоди за 5:1.

Маскерано од пенал го постигна својот прв погодок во дресот на Барселона.

Три минути пред крајот на натпреварот Алкасер го постигна својот втор погодок на натпреварот и ги постави конечните 7:1.