Лоша вест за Барса, се повреди Тер Штеген


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот голман на Барселона мора на пауза.

Марк Андре Тер Штеген доживеа повреда на денешниот тренинг и може да паузира меѓу 15 и 20 дена.

Како што потврди каталонски Спрот, Германецот денеска почувстувал болка во мускулот, а лекарскиот тим после прегледите се одлучи да го испрати на кратка рехабилитација.

Тој поради оваа повреда ќе ги пропушти дуелите со Алавеш, Селта и Легањес, а во Барса се надеваат дека ќе биде спремен за дербито со Атлетико Мадрид, кое е на програмата на 21 септември на Ноу Камп.

Тер Штеген често беше повреден, во текот на претходната сезона отиде на три кратки паузи, но на среќа, брзо се врати на терен.

Неговото место ќе го завземи Јаспер Силесен кој во финишот на преодниот рок стигна од Ајакс.

Сепак, добра вест за Барса е враќањето на Лионел Меси после лесната повреда на задната лоша, како и враќањето на Нејмар после настапите на ОИ.