Лоша вест за Зидан пред натпреварот во купот против Севиља


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид мора на кратка пауза.

Фудбалерите на Реал Мадрид на стартот на 2017-та година го играат првиот натпреварот од осминафиналето во купот на кралот против Севиља, а на тој натпревар ќе бидат без Серхио Рамос.

Рамос ќе биде надвор од теренот десет дена, па ќе биде на располагање на Зинедин Зидан во реваншот против Севиља на 12-ти јануари.

Тој ќе биде надвор од теренот и против Гранада, нема право на настап поради заработени пет жолти картони.

Реал ќе ја пречека Севиља на Сантијаго Бернабе во среда во 21:15.