Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Капитенот на Манчестер Сити, Висент Компани ќе биде надвор од теренот од четири до шест недели поради повреда на коленото.
Репрезентативецот на Белгија беше на прегледи во Барселона, кои покажаа дека има оштетување на лигаментите на коленото.
Специјалистот ги потврди предвидувањата на медицинскиот тим на Сити, изјави менаџерот на англискиот клуб Пеп Гвардиола.
Компани се повреди дури 35 пати откако пристигна во Сити во 2008. година, а од теренот отсуствуваше вкупно две и пол години.