Лоши вести за Мојс, што ли ќе прави сега?

„Sky Sports“ пренесува дека голманот на Сандерленд, Џордан Пикфорд доживеал тешка повреда на коленото, поради што ќе мора да отсуствува два месеци.

Тој е деветиот играч на Сандерленд кој е надвор од тимот во овој момент.

Освен него, Дејвид Мојс не може да смета и на Кирхоф, Пиенер, Гуха, Родвел, Катермол, МекНеир и Вотмор.

Сандерленд последниот натпревар во 2016. година го игра против Барнли во гости, а ќе видиме дали местото на Пикфорд ќе го завземе Вито Маноне или Португалецот Мика.