Лоши вести за навивачите на Арсенал


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Арсенал најави дека Франсис Кокелан нема да конкурира за составот следните три недели.

    Францускиот фудбалер во натпреварот против Челси (3:0) заработи повреда и мораше да го напушти теренот, иако првите проценки беа дека повредата е сериозна, медицинските прегледи покажаа дека повредата сепак не е од посериозен карактер.

    Кокелан ќе пропушти само два натпревари, односно нема да биде во конуренција за натпреварот во Лигата на Шампионите вечерва, против Базел и за натпреварот против Барнли во Премиер лигата, додека неговото враќање на теренот се очекува да биде по репрезентативните паузи.

    Оваа сезона Кокелан во лигата одигра пет натпревари за екипата од „Емирати“.