Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид ќе игра без Герет Бејл во следните два натпревари, тврди весникот „Марка“.
Велшанецот се повреди за време на натпреварот против Спортинг Лисабон во Лигата на Шампионите синоќа. Првичните утврдувања велеа дека тоа е лесна повреда на колкот и дека ќе биде подготвен за натпреварот против Еспањол овој викенд.
Денеска, откако фудбалерот ги помина лекарските прегледи се утврди дека ситуацијата е малку посериозна. Сигурно Бејл нема да биде подготвен за натпреварот против каталонците, а можеби нема да игра и против Виљареал следната среда.
Сепак на Велшанецот му претстојат уште дополнителни тестови, а од клубот се надеваат дека барем ќе може да настапи против Виљареал. На неговото место се очекува менаџерот Зинедин Зидан да го избере Лукас Васкез или пак Хамес Родригез.