Лудило во Германија: Имаа предност од 3 гола, но на крај си заминаа со само еден бод


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мајнц и Хофенхајм одиграа неверојатен натпревар од второто коло во Бундеслигата кој на крај заврши со резултат 4:4.

Домашните имаа предност со 3:0 уште во 27мата минута со 2 гола Де Бласис и еден на Кордоба.

Гостите намалија во 39тата на 3:1, но до крајот на првите 45 минути Мајнц дојде до водство од убедливи 4:1.

Бусман во 59тата доби црвен картон кој ја поремети играта на домашните, за на крај да си заминат со само еден бод.

До крајот Хофенхајм успејаа да постигнат уште 3 погодоци и да ги поделат бодовите со несреќниот Мајнц.