Лудница на мерењето на Фјури и Вајлдер: Американецот му заби прст во око на Британецот


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Британецот Тајсон Фјури и американецот Дионтеј Вајлдер во сабота навечер ќе бидат актери на вистински спектакл во Лос Анџелес каде ќе се борат за појасот во тешка категорија во ВБЦ.

Поточно, Вајлдер ќе го брани тој појас, а Фјури ќе проба да го освои. Она што е најголем мотив за двајцата е дека победникот на овој меч ќе добие шанса да се бори против Антони Џошуа во чија сопственост се
појасите од ВБО, ВБА И ИБФ.

Синоќа се одржа официјалното мерењето и прес конференцијата пред овој спектакл, а како што се очекуваше, имаше навистина тешки зборови од двете страни, а Вајлдер во еден момент му заби прсти во око на Фури, па скоро дојде и до физичка пресметка.

Сепак, се се заврши со вербална пресметка, а дел од настанот можете да погледнете во видеото во прилог.