Луд натпревар во Јане Сандански – Цибона после две продолженија го совлада МЗТ


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Кошаркарите на МЗТ Скопје беа поразени во Јане Сандански од Цибона после две продолженија со 85:89.

    Катастрофален старт имаа аеродромци, 5:15. До крајот на првата четвртина успеаа да намалат на 4 негатива, 13:17. Македонскиот шампион првото водство на натпреварот го имаше при резултат, 20:19. На полувреме кошаркарите на МЗТ Скопје замина со предност од 4 поени, 38:34. Аеродромци после полувремето играа фантастично, 53:40. Гостите од Хрватска се вратија во натпреварот и во последните 10 минути се влезе со резултат, 56:56. На стартот на последната четвртина кошаркарите на МЗТ Скопје стигнаа до 7 поени предност, 67:60. Подобрата завршница на кошаркарите на Цибона го одведе натпреварот во продолжение, 72:72. Цибона на минута до крајот на продолжение имаше предност од 5 поени, 76:81. Рајковиќ повика тајм-аут, Стефан Синовец и Урош Лучиќ погодија тројки и му донесоја предност на МЗТ, 82:81. Розиќ погоди едно слободно фрлање со кое го израмни резултатот и натпреварот го однесе во второ продолжение. Центарот на Цибона, Анте Жижиќ во второто продолжение го реши натпреварот, 85:89.

    Урош Лучиќ со 18 поени беше најефикасен кај МЗТ. Ксавиер Темс додаде 17, двоцфирени беа и Клоф(11) и Синовец(10). Цибона до победа беше предводена од Анте Жижиќ со 37 поени и 20 скока. Џонсон постигна 16 поени, а Шакиќ 15 поени.