Македонското Ел Класико за црвено-црните – Вардар по втор пат го среди Металург


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Вардар славеа со 31:29 против Металург во салата Јане Сандански во натпревар од СЕХА.

    Со погодоците на Пешевски и Талевски Металург стигна до водство од 3:5. Хорхе Македа возврати со два погодоци во серија и го израмни резултатот. Се играше гол за гол и на полувреме се замина со 15:15. Тимур Дибиров постигна три погодоци во серија и Вардар стигна до водство од 18:16. Преку погодоци на Кузмановски и Илиќ, ракометарите на Металург стигнаа до израмнување, 21:21. Обрадовиќ и Гуглета(2) погодија за водство на Металург, 23:24. Циндриќ и Шишкарев го вратија Вардар во водство. 25:24. Фереира два пати и еднаш Дујшебаев за водство на Вардар од 28:25. Следуваше нова серија од три погодоци на Вардарци за 31:26. Вардар славеше во македонското Ел Класико со 31:29.

    Тимур Дибиров со 7 погодоци беше најефикасен во тимот на Вардар. Фереира Мораеш постигна 5 погодоци, Циндриќ, Македа и Марсениќ го завршија натпреварот со по 4 погодоци. Кај Металург најефикасен беше Филип Талески со 8 погодоци. Илиќ со 6 погодоци заврши како втор стрелец во Металург, 5 погодоци постигна Обрадовиќ.