До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Паоло Малдини стана легенда на Милан, додека Хавиер Занети истотака стана но во комшилукот, Интер.
Овие две фудбалски легенди, своите фудбалски копја ги вкрстија многу пати, а токму на едно се присети „тројката“ на Росонерите.
„Никогаш нема да заборавам, еднаш трчавме еден покрај друг во текот на дерби. Во таа брзина, двајцата се сопнавме и паднавме на земја. Кога станавме, како да се договоривме и во исто време еден на друг си рековме: „Прости легендо“, бидејќи тоа се вика почитување“, рече низ смеа, Паоло Малдини.
Приказна на легендата на Милан, уште еден доказ дека некои минати времиња биле посреќни, бидејќи фудбалот се играше повеќе од љубов отколку поради пари, додека денеска приказните се сосема подруги.















