Малком во солзи го напушти синоќешниот натпревар на Барса


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона се пласираа во осмина финалето од Кралскиот куп откако на Ноу Камп го победија третолигашот Леонеса со 4-1.

Во првиот меч Барса славеше со само 1-0 против Леонеса, но синоќа на крилата на резервистите победија со 4-1 и се пласираа понатаму. Еден од головите беше постигнат од Малком, кој летово пристигна во Барселона и се чини дека конечно ја пронајде правата форма.

Но, во самиот финиш на натпреварот, Малком поради повреда мораш да го напушти мечот. Бразилеот не можеше да поверува дека токму тоа се случува. Колку му значеше тоа што почна да добива голема минутажа во првиот тим до гокажува фактот дека низ солзи го напушташе теренот. Сепак, доби големи овации од трибините на Камп Ноу.