Манчестер го наградува Керик и организира меч во негова чест!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот играч за врска едно време беше вистинска амајлија за „Црвените ѓаволи“, а за својот придонес во оваа сезона беше и награден.

Како што стојат работите Мајкл Керик и во наредното лето нема да ја менува средината.

Мурињо е задоволен со работата која искусниот играч за врска ја извршува, и спремен е да му понуди продолжување на соработката.

Керик ќе добие нов едногодишен договор, а го очекува уште една награда за добро извршената работа во оваа сезона.

Имено, на четврти јуни е закажан ревијален дуел во чест на Мајкл Керик, кој на споменатитот дуел од хуманитарен карактер ќе наврши 11 години во дресот на тимот од Олд Трафорд.

Силите во споменатиот дуел ќе ги одмерат најдобрите единаесет на Манчестер Јунајтед од 2008 година и Олд стар тимот на Мајкл Керик, а целиот приход од тој дуел ќе оди на добротворни цели, поточно во фондацијата на 35 годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој парите ќе ги расподели на тие кои им се најпотребни.

Своето учество веќе го потврдија Едвин ван дер Сар, Гери Невил, Рио Фердинанд, Пол Сколс и Рајан Гигс кои ќе ги бранат боите на Манчестер од 2008 година, додека од другата страна на теренот засега сигурно ќе се најдат Стивен Џерард, Френк Лампард и Мајкл Овен.

Се очекува во наредните недели учеството да го потврдат уште поранешни и актуелни ѕвезди на светскиот фудбал.