Манчестер Сити – Дали е тој замена за Коларов и Клиши?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Манчестер Сити ќе мора да бара замена за Коларов и Клиши, некој кој може да одговори да барањата на позиција лев бек.

    Би се рекло дека најпроблематична позиција кога се работи за иднината на Манчестер Сити е позиција лев бек.

    Причината се годините на Александар Коларов и Гаел Клиши, двајцата се блиску до крајот на кариерата отколку на почетокот, па нормално е да гледаат во таа насока, во насока за доведување на нов фудбалер.

    Нормално, Пеп најмногу се прашува, оттука и шпекулацијата која следи.

    Имено, англиските медиуми споменуваат дека Пеп е заинтересиран за Хуан Бернат, фудбалер на Баерн од Минхен.

    Според пишувањата на англискиот „Сан“, Пеп е спремен да издвои за Бернат 20 милиони фунти, што Баерн многу лесно може да ја прифати имајќи во предви дека не е меѓу стартните 11 овој Шпанец.