Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Мајкл Керик

    Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо одлучи да го задржи Мајкл Керик, со тоа што ќе му понуди нов договор, пренесуваат англиските медиуми.

    Сегашниот договор на 35-годишниот фудбалер со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната.

    Мурињо остана имресиониран од претставувањето на Керик. Специјалниот смета дека фудбалерот е доста важен за тимот и ќе биде добро да остане уште една година во тимот.

    „Керик едноставно е фантастичен и жалам што не сум му бил менаџер кога бил на 25 години. Секогаш сум го почитувал“, изјави Мурињо.