До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Впечаток е дека во досегашната кариера оствари дури и повеќе од тоа што сакаше.
Репрезентативецот на Србија и играч за врска на Ливрпул не потсети нас на Инстаграм на времето кога сеуште бил „дете што ветува“, од кого допрва се очекуваа големи работи.
Тој,имено, објави своја фотографија од пред четири години, од октомври 2012 година, кога имаше само 16 години. Тогаш постави јасни цели во својата кариера – Звезда, титула, па Англија!
Денеска има само 20 години, се ова му се оствари, и баш по тој редослед.
И не само тоа – успеа да стане и светски шампион со младинската репрезентација на Србија, а од неодамна е и член на сениорскиот национален тим.
Значи, Марко навистина има со што да се гордее, а со оглед дека најдобрите фудбалски години се пред него, причина за гордост сигурно ќе има и во наредниот период.














