Марота најави: Во Јувентус, освен Витсел, стигнува и одличен дефанзивец


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    После нов неуспех на Јувентус, овој пат против Лион во рамките на Лигата на шампионите, јасно е дека овој тим не делува ни блиску силен како што треба да биде.

    Минатосезонската екипа на „Старата дама“ е засилена со имиња како Миралем Пјаниќ, Гонзало Игуаин, Даниел Алвеш и бројни други, но дури ни во Италија не покажува доминација каква што беше во минатите години.

    Поради тоа Бепе Марота смета дека веќе во јануари ќе проба да реализира трансфери на дефицитарните позиции во тимот.

    Мета број еден е фудбалерот на Зенит Аксел Витсел, и неговото доаѓање треба да биде готова работа со оглед на досегашниот договор меѓу играчот и клубот.

    Но, Марота за Калчомеркато истакна дека тој не е единствена мета, веќе дека Јуве сака да доведе и дефанзивец. Тој најави доведување на стопер со зборовите дека сите моментално дефанзивци на Јувентус се веќе во четвртата деценија од животот и дека во оваа сезона не покажаа сигурност на која што се навикнаа во текот на кариерата.