Сакам да играм уште 10 години во Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Марсело пред 10 години стигна во Реал Мадрид а потврди дека сака да игра уште толку.

Марсело во Мадрид пристигна 2007 од Флумиенсе и кариерата сака да ја заврши овде. Веќе 10 години е стандарден на позицијата лев бек.

„Не сонував дека денеска ќе бидам овде. Во Реал дојдов кога имав 18 години и тоа беше голем притисок за мене. Желба ми е да играм овде уште 10 години“ – вели Марсело.

Марсело изјави дека неговото докажување овде било тешко и издвои три соиграчи кои најмногу му помогнале во тоа.

„Пепе, Канаваро и Роберто Карлос ми беа најголема подршка. Немаше да бидам овде каде што сум ако не беа тие. Споредбата со Карлос е смешна, тој е најдобриот лев бек на сите времиња. Сепак драго ми е што ме споредуваат со него, тоа значи дека сум успеал“ – изјави Марсело