Марсеј се спрема да направи лом, ова се метите на Гарсија за јануари


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Се спрема новиот фудбалски земјотрес во Франција, еден од најславните клубови од нивните простори реши да се врати на големата врата.

    Препородувањето на Марсеј е пред вратите, новиот газда Френк Мекорт е спремен да вложи многу пари, сега и познато е што новиот тренер Руди Гарсија бара.

    Според француските медиуми, поранешниот тренер на Лил и Рома му порача на своето раководство еден лев бек, еден дефанзивен фудбалер за врска и еден напаѓач.

    Се шпекулира дека Мекорт му дал 75 милиони евра на располагање.

    Првата опција за позицијата лев бек е фудбалерот на Астон Вила, Џордан Амави.

    Што се однесува на позициите дефанзивен фудбалер за врска, две имиња се на метата. Првото звучи многу пореална, Џон Оби Микел од Челси, втората опција е амбициозна, Жофри Кондогбија.

    За на позицијата напаѓач познато е дека контактиран е фудбалерот на Атлетик Билбао, Икер Муниаин.

    Француските медиуми пренесоа дека Марсеј фрлил око и на еден фудбалер на Атлетико Мадрид, неговото доведување би било луксуз. Се работи за дефанзивецот Диего Годин.