Марсијал конечно проговори за одземениот број


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Златан Ибрахимовиќ во ова лето се одлучи да потпише за Манчестер Јунајтед, но неговото доаѓање не ги воодушеви баш сите играчи на Црвените ѓаволи.

    Ибрахимовиќ одма побара на грбот да го носи бројот девет иако тој број беше зафатен.

    „Деветката“ ја задолжи Антони Марсијал, но со доаѓањето на шведскиот напаѓач се се промени.

    Челниците на клубот неговиот број го дадод на Златан, а репрезентативецот на Франција го доби бројот 11.

    Францускиот фудбалер не се огласуваше после тој потег, но беше јасно дека не му е сеедно.

    Тоа сега го потврди неговиот агент кој за англиските медиуми ја пренесе изјавата на Марсијал.

    „Нема да ве лажам, нормално дека ме погоди тој потег на челниците на клубот. Бев навистина разочаран поради тоа, но јас сум професионалец и не го покажував тоа. Не ја прифатив таа одлука ниту ќе ја прифатам, но животот оди понатака“, рече Марсијал.