Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Централниот дефанзивец на Барселона, Хавиер Масерано го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2019. година.
Новиот договор кој е со подобрени лични услови за Аргентинецот беше потпишан во присуство на претседателот на клубот, Пеп Марија Бартомеу, потпреседателот на спортски прашања, Жорди Местре и техничкиот секретар, Роберт Фернандез.
Откупната клаузула во договорот изнесува неверојатни 100 милиони евра.
Маскерано на „Камп Ноу“ пристигна пред седум години и оттогаш забележа 290 настапи за каталонците и освои 17 трофеи.
Аргентинецот го играше секое финале за тимот до сега, со исклучок на Светското клупско првенство против Сантош во 2012. година.