Мајката тврди – Мојот син не е мртов


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Бразилските медиуми денес соопштија дека голманот на Чапекоенсе, Данило загина во една од колумбијските болници.

    Во трагичната авионска несреќа која се случи денес загинаа 76 луѓе од кои поголем дел беа фудбалери. Само пет луѓе успеаа да преживеат. Во моментот на доаѓањето на брзата помош живи беа шест луѓе, но потоа беше соопштено дека Данило починал во болница.

    Сепак, бразилскиот ЕСПН соопшти денес дека неговата мајка изјавила дека нејзиниот син не е мртов туку дека е преместен во поголема болница.

    „Неговата мајка ни кажа дека тој е жив и дека е префрлен во поголема болница. Сепак, не можеме уште да потврдиме дали овие информации се точни“, соопштија бразилските медиуми.