Мбапе го откри името на најдобриот фудбалер против кој играл во 2018. година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во дресот на ПСЖ изминатата сезона Килијан Мбапе ја освои двојната круна, а единствено што на овој тим не му успеа е да освои еден трофеј на ЛШ.

После ова имаше фантастични настапи во дресот на Франција на Мундијалот и беше еден од најзаслужните што Триколорите на крајот станаа прваци во светот.

Мбапе во понеделникот беше прогласен за најдобар млад играч во 2018. година, а во конечната листа на најдобри фудбалери во светот беше дури четврти. Но, тој најави подобри игри во иднина и борба за Златната топка.

Во разговор за француските медиуми говореше за противниците против кој играл оваа година, и го откри името на најдобриот фудбалер против кој играл во 2018. година.

„Без дилема тоа е Еден Азар. Тој е најдобар играч против кој сум играл оваа година. Најмногу ме импресионираше. Тоа беше на мечпт во полуфиналето на Мундијалот против Белгија. Леснината со која тој игра е фантастична. Визијата која ја има ме воодушеви и навистина е фантастичен играч“, рече Мбапе.