Мбапе: „Јас бев подготвен да останам во Монако, но мојата фамилија…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

 

Израснувајќи во предградието на Париз, Килијан Мбапе признава колку му е мило што се враќа дома, во својот роден град, кај својата фамилија, која била клучен фактор што Мбапе потпиша за ПСЖ.

Напаѓачот открива дека тој не се брзал и дека би останал уште некоја година во Монако, но неговата фамилија го разубедила да им се приклучи во Париз.

„Ако погледнам само малку поназад низ времето, бев сигурен дека ќе останам во Монако уште долги години, но некои околности го променија мојот ум“. – изјави Мбапе за медиумите.

„Ми беше важно да не ја напутам Франција. Зборував долго со мојата фамилија, а за нив беше важно јас да се вратам дома во Париз, на местото кај што пораснав.“

„Големо е задоволството да му се приклучиш на еден силен тим како ПСЖ“.