Меси не е помеѓу трите најдобри, Роналдо го нема ниту на мапата


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Шпанскиот институт за фудбалска историја и статистика ги избра најдобрите фудбалери во Примера на сите времиња, а помеѓу тројцата ги нема Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

    Споменатиот институт долго време правеше истражување. Во истражувањето го вреднуваа учинокот на фудбалерот, а помеѓу останатото се води сметка за бројот на постигнати погодоци, настапи, минути поминати на теренот. Дури го пресметаа бројот на црвени картони и автоголови.

    Најдобриот фудбалер во Примера на сите времиња е поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалез, на второто место е Цесар Родригез од Барселона, а трет е Телмо Зара, легендарниот напаѓач на Атлетик Билбао.

    Лионел Меси е најдобро пласиран од актуелните фудбалери и се наоѓа на четвртото место, а Роналдо е на 23-то место.