Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер од ден во ден соборува нови рекордид, сега во дресот на Барса го престигна и достигнувањето на Роналд Куман.
Поранешниот холандски репрезентативец, а сега тренер на Евертон Роналд Куман, соевремено како играч беше карактеристичен по одличните изведувања на слободни удари.
Дел од својата кариера каде што помина во Каталонија, постигна 26 голови од слободни.
Сега Меси го надмина тој учинок, го запиша својот 27 гол од слободен удар во дресот на Блауграната и уште еднаш со златни букви го запиша своето име во историјата на клубот од Ноу Камп.
Интересно е дека одличниот Аргентинец постигна пола од своите голови во 2017 од слободни удари (4), а додека три топки од неговите слободни удари завршија во мрежата на голманот на Билбао Горка Ираизоз.
Lionel Messi has now scored more free-kicks (27) for Barcelona than any other player in the club’s history.
Another day, another record. ? pic.twitter.com/Fnw31mF4Tv
— Squawka Football (@Squawka) February 4, 2017