Металург реди победи – Арсиќ повторно ја спушти ролетната, а Филип Талески го размонтира Татран Прешов


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Металург славеа со 26:20 против Татран Прешов во натпревар од осмото коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.

    Татран Прешов одлично го отвори натпреварот со серија од три погодоци, 0:3. Ракометарите на Металург со два погодоци во серија го израмни резултатот, 5:5. Следуваше нова серија од два погодоци на Металург за преземање на водството, 8:6. Гостите од Словачка вратија со иста мерка и го израмнија резултатот 9:9. Со погодокот на Филип Талески во последните секунди од првото полувреме Металург замина на полувреме со минимална предност, 11:10. Фантастичен старт на ракометарите на Металург во второто полувреме. Во првото полувреме имаше лоши вести за Лино Червар бидејќи Филип Кузмановски според првичните информации ја скршил раката и ќе го нема подолго од теренот. Четири погодоци во серија за водство од 15:10. Гостите се обидуваа да се вратат во натпреварот и најмногу што направија беше два погодоци негатива, 16:14. Со серијата од четири погодоци на избраниците на Лино Червар, Металург стигна до шест погодоци, 22:16. Ракометарите на Металург со серија од два погодоци стигнаа до најголемото водство на натпреварот, седум погодоци, 25:19. Клубот од Автокоманда на крајот ја запиша втората победа во низа во ЛШ, 26:20

    Со 10 погодоци Филип Талески му донесе победа на Металург. Александар Гуглета и Немања Обрадовиќ го завршија натпреварот како втори стрелци со по 5 погодоци. Голем придонес во победата на Металург имаше и голманот, Дарко Арсиќ кој запиша 16 интервенции. Кај гостите Рабек беше најефикасен со 6 погодоци.

    Металург во следното коло игра на гости против Ла Риоха, а Татран Прешов повторно ќе игра на гости, овој пат во Норвешка против Елверум.