Металург реди порази – Горење Велење лесно го реши клубот од Автокоманда


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Металург во Словенија во натпревар од СЕХА лигата беа поразени од Горење Велење со 23:18.

    На стартот на натпреварот словенскиот клуб направи серија од пет погодоци за водство од 6:1. Ракометарите на Горење Велење до крајот на првото полувреме ја задржаа предноста, 12:7. Со погодоците на Митровиќ и Поточник домашните го отворија второто полувреме, 14:7. Металург набрзина врати со серија од два погодоци и повторно ја врати предност на словенскиот клуб на пет погодоци. При резултат 18:12 домашните ракометари направија серија од три погодоци и ја зголемија предноста на девет погодоци, 21:12. Лош ден имаа и голманите на Металург, Дарко Арсиќ и Мартин Томовски. Ракометарите на Металург во финишот од натпреварот со погодоците на Костески, Петров и Дрогришки(2) ја намали предноста на пет погодоци, а со тие погодоци ги поставија конечните 23:18.

    Матјаж Брумен со 6 погодоци беше најефикасен во тимот на Горење Велење. Голманот на Горење, Рок Запоншек имаше фантастичен натпревар на голот, 14 интервенции од 27 шута. Петров, Дрогришки, Кузмановски, Талески и Вања Илиќ кој дебитираше денес со по 3 погодоци беа најефикасни во тимот на Металург.

    Втор пораз по ред за Металург, вкупно пети оваа сезона во СЕХА лигата.