„Ме совладаа емоциите, срцето не можеш да го излажеш“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Атлетико после лошото влегување во сезоната се разбуди и стигна до третата победа во низа, втора во првенството, со 5:0 настрада Спортинг.

    Тренерот Диего Симеоне во оваа недела го намали време траењето на договорот до 2018 година, но навивачите вчера го дочекаа со овации.

    „Ме совладаа емоциите, ме направија ладен, срцето не може да се излаже. Тоа е само доказ дека навивачите ја поддржуваат мојата одлука“, рече Симеоне, кој ја пофали играта на целата екипа, само посебно истакна еден играч.

    „Не можеш кај 2:0 веќе да размислуваш за Барселона. Задоволен сум како екипата одигра. За мене најдобар играч во минатата сезона во Европа беше Антоан Гризман. Тој мора да влезе во потесниот избор за Златната топка. Пред него е светла иднина“.

    Го искоментира и Симеоне и настапот на Шиме Вршаљко:

    „Вршаљко беше добар, ќе биде одлична конкуренција на Хуанфран“.