Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром убедливо славеа во полуфиналето од македонскиот суперкуп против Фени Индустри во Јане Сандански, 83:50.
После првата четвртина кошаркарите на МЗТ имаа огромно водство од 20 поени, 31:11. Вториот десет минути беа израмнети, 17:17. На полувреме МЗТ замина со предност од 20 поени, 48:28. Во продолжението следуваше доминација на домашните кошаркари. Со 65:37 МЗТ Скопје влезе во последните десет минути од натпреварот. Победата беше осигурана, но не се знаеше конечниот резултат. Последните 10 минути видовме повторно доминација на домашните кошаркари и заслужено славеа со 83:50.
Џош Скот со 14 поени го предводеше МЗТ Скопје до победа. Мекиќ додаде 12, а Мејси 11 поени. Чешковиќ кај гостите најмногу се истакна со 12 поени.