МЗТ со нов пораз во АБА – Игокеа се радуваше во Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија од Игокеа во СЦ Јане Сандански во натпревар од 24-то коло во АБА, 67:71.

Гостите со шест поени во низа стигнаа до првата поголема предност на натпреварот, 7:12. Пред крајот на првата четвртина Мицовиќ погоди тројка, а Махковиќ за два за 14:20 после десет минути игра.

Темс со четири поени и три на Дреновац, МЗТ ја намали негативата на два поени, 28:30. Песаковиќ и Махковиќ зголемија на шест поени предност, 28:34. Во последните две минути од првото полувреме кошаркарите на МЗТ се разиграа. Лалиќ, Темс и Скот со своите поени ја намалија негативата на само еден поен, 38:39. Милошевиќ погоди едно слободно фрлање за водство на Игокеа, 38:40 на полувреме.

На почетокот на третата четвртина Албијаниќ и Робинсон зголемија на шест поени предност за Игокеа, 38:44. Симоновски погоди тројка, а Скот постигна три поени во низа за израмнување на резултатот, 46:46 четири минути пред крајот на претпоследниот дел од натпреварот. Игокеа со серија од осум поени од кои по една тројка на Робинсон и Милошевиќ, а за два погоди Рикиќ стигна до водство, 48:56 по кој Анте Назор повика тајм-аут. Кошаркарите на МЗТ во последниот напад во третата четвртина на Игокеа одиграа катастрофално во одбраната, а тоа го искористи Мицовиќ кој погоди за 51:58 пред последните десет минути од натпреварот.

После три минути во последната четвртина беше постигнат кош, а беше дело на Дреновац кој погоди за 53:58. Лалиќ и Клоф го израмнија резултатот, 58:58 пет минути пред крајот на натпреварот. Темс погоди тројка за водство на МЗТ по подолго време, 61:58. Мицовиќ постигна четири поени во низа за преземање на водството на гостите, 61:62. Милошевиќ ја погоди клучната тројка за победа на Игокеа, 65:69. Игокеа на крајот победи со 67:71.

Мицовиќ ја предводеше Игокеа со 20 поени. Кај МЗТ Дреновац беше најефикасен со 16 поени. Темс постигна 15, Лалиќ 10, Скот 9, Клоф 6, Ѓуроски 5, Симоновски и Кларк по 3 поени.

16-ти пораз на МЗТ Скопје оваа сезона во АБА.