До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Нигерискиот репрезентативец Џон Оби Микел најверојатно веќе во јануари ќе го напушти Челси.
Од доаѓањето на Антонио Конте овој дефанзивен играч за врска и нема премногу простор за игра, и се повеќе се зборува за тоа дека во јануари ќе го напушти Стенфорд Бриџ.
Нигериецот во наредното лето станува слободен играч, а лондонскиот клуб има намера барем нешто да заработи на него.
Овој 29-годишен во дресот на Челси е од 2005 година, и досега одигра повеќе од 350 натпревари за овој клуб.
Сепак, Микел сака да игра и порача на челниците на клубот да му пронајдат нов тим.
Англиските медиуми шпекулираат дека Микел својата кариера ќе ја продолжи во Франција, и дека веќе договори трансфер со Марсеј.
Меѓутоа, сеуште не е познато колку францускиот клуб ќе плати за услугите на нигерскиот играч.















